И ФИФА и го препиша Светското првенство на Аргентина

Компанијата „ЕА Спортс“ ја одржа традиционалната симулација на Светското првенство преку видео играта „ФИФА 23“. А, на основа на податоците за личните можности и карактерите препишани на играчите титулата заврши во рацете на Аргентина.

На патот до финалето Аргентинците ќе се сретнат со Данска во осминафиналето, Холандија во четвртфиналето и Франција во полуфиналето за финалниот натпревар против најголемиот ривал Бразил да го реши Лео Меси.

Симулациите на „ЕА Спортс“ започнаа во 2010 година на Светското првенство во Јужна Африка и досега секој пат прогнозата го донесе и победникот. Во 2014 година тоа беше Германија, а четири години подоцна Франција.

Претходно, Светското првенство на Аргентина и го препиша и суперкомпјутерот кој, интересно со вештачка интелигенција исто така предвиде јужноамериканско финале.

Се вчитува...