И Филип Кузмановски отпадна за двомечот со Романија

Македонската ракометна репрезентација ќе биде и без еден од своите најдобри ракометари Филип Кузмановски за пријателскиот двомеч со Романија во рамките на ЕХФ неделата, низ подготовките за бараж дуелот против Фарски Острови за пласман на пласман на Светското првенство 2025 година.

Селекторот Кире Лазаров денеска го означи првиот собир на националниот тим за пријателските пресметки со Романците, на која беше споделена информацијата дека Македонија ќе биде без Кузмановски.

Под знак прашалник е и Павле Атанасијевиќ, кој се појави на денешниот репрезентативен собир во Скопје, но најверојатно нема да патува за Романија.

Како што е познато, претходно, пак, од првичниот список од 21 играч поради повреди отпаднаа уште двајца ракометари. Најсериозна е повредата на Ненад Костески, кој долго време ќе биде надвор од терените, а поради повреда на овој собир нема да биде и Томислав Јагуриновски, на чие место е повикан Давид Савревски.

Пријателските натпревари против Романија, македонската селекција ќе ги игра во градот Браила на 15. и 16. март.

 

Се вчитува...