Иднината на Герет Бејл надвор од Мадрид е запечатена откако велшкиот ас го загуби и последниот сојузник во клубот – претседателот Флорентино Перез. Првиот човек на „кралевите“ во изминатите години цврсто стоеше во одбрана на Бејл, кој беше критикуван за променливата форма и за недоволната физичка подготвеност што придонесуваше да дојде и до чести повреди кај него.
Сепак, тоталната изолација на Бејл од остатокот од тимот, како и несогласувањата со тренерот Солари беа причина Перез конечно да го загуби трпението, па да даде зелено светло за негов трансфер во летниот преоден рок. Мадридскиот весник „Ас“ повикувајќи се на извори блиски до Перез тврди дека Флорентино нема намера повеќе да го заштитува Бејл, па доколку досега понудите за него беа експресно одбивани, летово ќе следат сериозни преговори со сите заинтересирани клубови.
Челси беше најзагреан за Бејл, но трансфер-забраната ја компликува и можната размена за Еден Азар, интерес постои и од неговиот поранешен клуб Тотенхем, како и од италијанскиот прволигаш Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА