И Франција со најдобрите на Мундобаскетот во Кина

Селекторот на француската кошаркарска репрезентација, Венсан Коле го објави поширокиот список за Светското првенство кое од 31. август до 15. септември ќе се игра во Кина. На списокот се наоѓаат НБА ѕвездите, Руди Гобер, Еван Фурние, Френк Нтиликина и Никола Батум, а тука се и ѕвездите на ЦСКА Москва и Барселона, Нандо де Коло и Томас Ертел.

По ерата на Тони Паркер и Борис Диао, кои ставија крај на кариерите цел на Французите на Мундобаскетот ќе биде одбрана на бронзениот медал од минатото првенство и пласман на Олимписките игри во Токио 2020.

СПИСОКОТ НА ФРАНЦИЈА ЗА СП 2019:

Бекови: Томас Ертел, Андру Албиси, Френк Нтиликина, Нандо де Коло, Еван Фурние и Пол Лакомб.

Крила: Никола Батум, Аксел Тупан, Тимоти Луваву Кабаро

Центри: Луј Лајбери, Амат Мбаје, Адријан Моерман, Руди Гобер, Матијас Лесор и Венсан Поаре.

Се вчитува...