Откако А – тимот славеше над Лихтенштајн (0-3) во премиерниот меч во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико, до победа над истата репрезентација стигнаа и надежите до 17 години.
Нашите надежи славеа против своите врсници од Лихтенштајн со 1-0 во вториот натпревар од 2. рунда во лига Б во квалификациите за Европското првенство.
Клучниот момент во мечот се случи во 30. минута кога Хоџа го постигна погодокот за 1-0 кој на крајот се покажа како доволен за нашите фудбалери. По две кола Македонија има 4 бода, а во последното коло ќе се сретне со репрезентацијата на Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА