И Глигоров во „црвено-црно“ до 2018

Вардар ја користи репрезентативната пауза за кадровско екипирање и продолжување на договорите на своите најискусни фудбалери. Покрај капитенот Грнчаров, денеска нов договор со важност до 2018 година потпиша и заменик капитенот, Никола Глигоров.

„Презадоволен сум од фактот што го продолжив договорот со Вардар до 2018 година. Во овој клуб ја почнав својата кариера, и се надевам дека ќе ја завршам тука. Голема благодарност до целата екипа, до раководството и до стручниот штаб за укажаната доверба и за поддршката која ми ја даваат. Би сакал да стигнам до 200 официјални настапи во дресот на Вардар, а зошто да не и повеќе. Чест ми е кога играм во овој клуб, во мојот клуб од детството каде што ги почнав првите фудбалски чекори“, изјави Глигоров за официјалниот сајт на клубот.

  

Се вчитува...