И Ѓорѓе Белиќ го напушти Пелистер

Македонскиот фудбалски клуб Пелистер официјално соопшти дека спогодбено ја прекинува соработката со српскиот фудбалер Ѓорѓе Белиќ. 27-годишниот играч за врска, кој летово пристигна од белградски Вождовац, го напушта клубов по само 16 одиграни натпревари во зелено-белиот дрес.

Белиќ доведоа неколку српски фудбалери со цел да се зајакне составот и да се нападне повисок пласман на табелата во ПМФЛ. Тој дојде како четврти Србин во тој преоден рок и веднаш се вклучи во ротацијата на средината на теренот, покажувајќи солидни игри во неколку натпревари.

Од Пелистер му се заблагодарија на Белиќ за професионалниот однос и придонесот во изминатите месеци, посакувајќи му многу успеси во продолжение на кариерата. Интересно е што ова е второ заминување на српски фудбалер од Битола оваа зима, откако претходно клубот го напушти и Петар Ристиќ.

Се вчитува...