Актуелниот првак Манчестер Сити му одговори соодветно на Ливерпул на убедливиот триумф (4-1) на отворањето на сезоната против Норич. „Граѓаните“ денеска славеа на гостувањето кај Вест хем со 0-5. Се случија и првите ВАР одлуки во Премиер – лигата, прво не беше признат гол на Габриел Жезус поради офсајд позиција, а потоа беше повторен пеналот на Серхио Агуеро, што успеа да го реализира од втор обид.
Габриел Жезус во 25.минута го отвори резултатот, а Рахим Стерлинг зголеми на 0-2 на стартот на вториот дел. Стерлинг дојде до хет – трик, а Агуеро погоди од од белата точка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА