И Гвардиола му се налути на Чеферин: Најдобро да си ги гледа проблемите во УЕФА

Пеп Гвардиола воопшто не е среќен по коментарите на Александер Чеферин на сметка на Манчестер Сити.

Гвардиола е лут поради изјавата на Чеферин кој повторно ги потврди обвинувањата за прекршување на финансискиот фер плеј од стана на премиерлигашот, потенцирајќи дека УЕФА била во право кога го казнила со две години неиграње во Лигата на шампионите.

Одлуката беше поништена од Спортскиот арбитражен суд, но сега Сити ќе одговара за слични прекршоци пред независната комисија на Премиер-лигата.

„Како адвокат и претседател на УЕФА треба да почека пред да дава коментари, а не да се однесува како некој коментатор по социјални мрежи. Треба да покаже малку повеќе почит. Тој и онака си има доста проблеми во УЕФА и најдобро е таму да се насочи, а како адвокат треба да знае дека треба да ја почитува процедурата и дека ние имаме право на одбрана“ – изјави Гвардиола.

Се вчитува...