И Хамес Родригез потпиша за Олимпијакос

Колумбискиот интернационалец Хамес Родригез е нов фудбалер на грчкиот великан Олимпијакос. Колумбиецот веќе е во Грција каде во текот на денот ќе ги помине медицинските прегледи по кои ќе стави потпис на договорот со грчкиот шампион.

Во Грција Родригез доаѓа од редовите на Ал-Рајан од Саудиска Арабија во кој ја помина последната сезона. Претходно, Колумбиецот настапуваше и за Евертон, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Монако, Порто, Банфилд и Енвигадо.

Претходно договор со грчкиот тим потпиша и Бразилецот, Марсело.

 

Се вчитува...