ЕКИПА во Мец,
Стеван Цаневски, Билјана Б.Петрушева
Тунис ги користи сите ресурси и секое искуство што може да им помогне во пресрет на вечерашниот дуел со Македонија. Така, на помош за селекторот Хафед Зуаби се и советите од поранешниот селектор на Тунис, Сеад Хасанефендиќ, кој за разлика од него имаше малку полошо искуство со Македонија на претходното СП во Катар. Во исто време, Хасанефендиќ е и добар познавач на балканската школа, на македонските играчи и на играта што ја практикува Лино Червар. Според неговата проценка на денешниот меч, ќе решаваат нијанси, искуството ќе биде на страната на Македонија, а силата и брзината на страната на Тунис.
„Јас имам лошо искуство со Македонија на СП во Катар пред две години, но пред Олимпијадата, Тунис беше подобар од Македонија. Ова е прв натпревар а во тие воведни мечеви многу фактори играат улога. Нови играчи, дали тие играат со некој страв или со некоја „кочница“ или пак „ќе експлодитраат“ веднаш на првиот натпревар. Овие посикусните играчи дали во сите 60 минути ќе имаат желба и сила сите да дадат се од себе, или пак знаејќи дека играат пет натпревари во групата, ќе се штедат малку, зависоно од резулттатот. Многу фактори ќе играат улога. Македонија има убава екипа и како прво има искусен тренер. Во тој домен, Македонија има голема предност. Што се однесува до екипата, мислам дека Македонија има малку скусени можности бидејќи голем број на одлични играчи престанаа да играат, како Ристовски на голот, Мојсовски кој беше одличен играч, Јоновски…Кај мене би биле сигурно во состав, Ристовски сигурно без никакво размислување, Јоновски исто така. Тоа е таа одбрана бидејќи Македонија менува по двајца-тројца играчи и тоа се играчи кои можат многу да помогнат на ова првенство“ – вели Хасанефендиќ.
Во анализата на она што може да се очекува од двете селекции на вецерашниот меч, фокусот е на младите играчи и на улогата на голманите.
„Македонија има и добри млади играчи пред се Талевски на лев бек, Неловски, предната линија е добра со Стоилов на пикер и со Георгиевски и Манасков на крила. Тоа е стандардно исто и овие што играат одбрана, Марковски и сега Нелоски. Но сето тоа се сведува практично на осум играчи што може да одиграат на високо ниво. За Македонија е добро што овој важен натпревар со Тунис го играат на почеток кога уште имаат полна сила, со осум играчи може да се одигра еден добар натпревар без да се менува нешто многу, но за цело СП мислам дека ќе биде тешко. Ако Македонија не го победи Тунис, тешко ќе биде и со Шпанија, со Словенија, па и со Исланд, но ќе биде шанса овие неколку млади играчи да добијат поголема минутажа и да стекнат искуство и тоа така ќе помине. Ако Македонија го победи Тунис, мислам дека ќе биде многу тешко за македонската репрезентација да ги одигра сите тие пет натпревари за седум дена на високо ниво и во исто темпо. Тоа ќе бара голем напор од овие стандардни играчи што се во составот“ – истакнува поранешниот селектор на Тунис.
Во однос на туниската репрезентација, Хасанефендиќ ја истакнува мотивираноста, компактноста и квалитетот на играчите кои се млади, но имаат големо репрезентативно искуство.
„Тунис има одлична млада екипа. Мислам дека на олимписките квалификации, Тунис не беше посилен од Македонија, туку Македонија потфрли, а Тунис добро ја искористи таа ситуација, беа силно мотивирани, одиграа силно, од почеток направија голема разлика и Македонија тука не можеше да се врати. Мислам дека Македонија тогаш беше посилна, но потфрли. Не верувам дека сега ќе се повтори тоа. Тунис не е посилен сега од она што беше тогаш, меѓутоа тоа се играчи кои играат во големи клубови, како Барселона, Монпелје, тоа се играчи кои имаат страотни физички предиспозиции, кои имаат големи амбиции, и иако се млади, имаа големо искуство. Малку постари се само голманот и пикерот Теж, меѓутоа другите сите се една генерација млади играчи по 23-24 години, кои се заедно веќе 5-6 години, веќе имаат зад себе олимписки игри, имаат три светски првенства и неколку африкански првенства. Така еден Бугами на пример има 24 години а, веќе има две Олимпијади, три севтски и три африкански првенства. Така што тоа е веќе искусна екипа, иако релативно млада“ – истакнува Хасанефендиќ.
Нијанси, ситни грешки и тактичката поставеност се она што според него ќе го реши денешниот дуел меѓу Македонија и Тунис.
„Ако некој потфрли тогаш другиот е фаворит.Но ако и двете репрезентации играат со своите максимални мкожности, мислам дека ќе решаваат моменти, искуството или неискуството. На пример искуството на еден Лино Червар кој можеби ќе внесе некои идеи во играта, претпоставувам тактички во одбраната, можеби ќе игра еден период и со седум играчи во нападот, но тоа се моменти кои се сега тренд во ракометот. Јас лично не сум многу приврзаник на таа игра со седум играчи бидејќи сметам дека екипата што игра со седум на шест во напад автоматски признава слабост, односно дека таа екипа во шест на шест не може да го добие мечот. Значи тогаш тие се аутсајдери. Е, сега тука е важно искуството на противникот. Ако противникот не е искусен и не знае да одговори на таа игра, тогаш ќе има проблем, но ако знае тогаш нема ништо од тоа, противникот ќе може да одговори, да затвори и потоа лесно да поентира на празен гол. Предноста на Македонија е што Лино има искуство да ја менува играта, да пробаат нешто па да се вратат, да сменат. Додека Тунис, не може да го прави тоа. Тунис може само да ја игра својата игра. Но, од друга страна Тунис има помодерна и физички многу посилна и подинамична репрезентација. Мислам дека голема улога на овој меч, впрочем, како и на секој друг, ќе има и формата на голманите. Македонија го нема Ристовски, кој не знам од кои причини не е во составот и не навлегувам во тоа, а Тунис исто така го нема првиот голман кој е повреден. Така што мислам дека ќе биде многу интересно и ќе решаваат ситници. Искуството е на сраната на Македонија, а силата и експлозивноста и брзината се на страна на Тунис. Ќе биде интересно и важно да се победи и за едните и за другите, бидејќи овој меч во оваа група според сите проценки, фактички е оној минимум за пласман во вториот круг“ – истакнува Сеад Хасанефендиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА