И домаќините на денешниот натпревар меѓу Холандија и Македонија во 3. коло од Групата Ц на ЕВРО 2020 се вклучуваат во дополнување на амбиентот за последниот натпревар на Горан Пандев во македонскиот дрес.
На трибините на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам се подготвува кореографија за одбележување на збогување на Гранде Пандев. Добар дел од холандските фанови се вклучуваат во приказната за Горан Пандев, па и во моментов се пред стадионот е во знакот на најдобриот македонски фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА