И Хуберт Хуркач нема да игра на ЛОИ во Париз

Полскиот тенисер Хуберт Хуркач нема да учествува на Олимписките игри во Париз. Повредата на коленото што ја заработи на Вимблдон беше посилна од него, па ќе мора да ги пропушти игрите. Тогаш Хуркач, малку бизарно, реши да му го предаде мечот на Артур Фис во четвртиот сет во тај-брејкот.

Како што вели, опоравувањето оди добро, но ќе мора да почека уште малку за да се врати на терените. Наместо популарниот Хуби, во Париз ќе игра Хрватот Борна Чориќ.

Сезонава тој го освои само Есторил, а во текот на кариерата има вкупно осум титули. Најголеми се секако Мастерсот во Мајами во 2021 година и во Шангај во 2023 година.

Се вчитува...