Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија во вториот натпревар го претрпе и вториот пораз на турнирот „Трофеј Карпати“ што се одржува во Клуж, Романија. Поуспешна од македонските надежи во втората пресметка беше селекцијата на Италија која славеше со 35-24. Во првиот натпревар во Клуж, македонскaта репрезентација загуби од Романија (21-27).
Убедливиот пораз од италијанската репрезентација која не е во врвот на европскиот ракомет е загрижувачки за македонската селкцијата предводена од селекторот Данило Брестовац која летово ја очекува настапот на Европскиот шампионат (У18) во Грузија.
Во третиот натпревар, утре, Македонија ќе игра против Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА