И Иван Ракитиќ не го интересираат саудиските милиони

Хрбатскиот интернационалец Иван Ракитиќ останува во Севилја. Иако за него има добра пондуа од Саудиска Арабија, а на тимот им треба пари за да покријат дел од долгот, но Хрватот веројатно ќе остане во Шпанија.

За него е одбиена понуда од Бешикташ, а тој одбил понуда од Саудиска Арабија, и сето тоа води кон тоа дека ќе остане во Севилја каде што му е убаво и веројатно таму ќе остане да живее и по завршувањето на кариерата.

Ракитиќ моментално е најплатениот играч во Севилја со три милиони евра, но за Севилја да покрие дел од долгот, ќе треба да му ја намали, а веројатно ниту тоа не било проблем за искусниот Хрват.

Се вчитува...