Смртта на Васил Рингов предизвика шок во македонската фудбалска јавност, па огромен е бројот на поранешни фудбалери кои се збогуваат од вардаровата „ѕвезда“.
Еден од нив е и Чеде Јаневски, поранешен македонски селектор и репрезентативец кој своевремено настапуваше крај Рингов во дресот на Вардар.
„Мој пријател и колега Васе, ќе останеш запаметен по добрината и спомените што ги создававме заедно. Често кога бев во Македонија наоѓав време за средба со Рингов и останатите вардарци. Со длабока благодарност и тага се простуваме од него. Сочувство пред се од неговата фамилија, нека почива во мир“, напиша Чеде Јаневски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

