Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Јанис Адетокумбо би можел да го пропушти претстојното Светско првенство кое од крајот на август се одржува во Јапонија, Филипини и Индонезија.
Како што пишуваат грчките медиуми, асот на Милвоки Бакс и двократниот МВП на најсилната кошаркарска лига во светот се бори со повреда на ногата и поради ова големи се шансите да го пропушти претстојниот Мундобаксет.
Најголем проблем секако се Бакс, кои не сакаат ништо да ризикуваат и нема да му дадат зелено светло на својот играч да игра за репрезентацијата доколку не е 100 отсто подготвен.
Доколку Јанис не игра, тоа би било голем удар за амбициите на Грција. Уште претходно беше објавено дека Светското првенство ќе го пропушти и Костас Слукас. Грција е во групата Ц со САД, Јордан и Нов Зеланд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

