И Јокиќ не е „машина“: Крај на „трипл-дабл“ серијата, но Денвер повторно победи (ВИДЕО)

Денвер славеше против Мајами со 103-97 во синоќешниот натпревар во НБА лигата, но Никола Јокиќ после четири едноподруго дуели на кои имаше „трипл-дабл“ ефект не успеа да дојде до нов.

И без тоа, сепак, за 38 минути на паркетот, иако впечаток е дека го стигна и заморот, заврши со 18 поени, 11 скока и седум асистенции, а постигна и клучни поени во финишот за петта едноподруго победа на Денвер.

Најефикасен кај Денвер беше Мајкл Портер Џуниор со 30 поени, дополнети и со 11 скока и три асистенции. Колдвел-Поуп како и Јокиќ имаше 18 поени, а Арон Гордон постигна 16 поени со девет скока и три асистенции.

Најефикасен кај Мајами беше Бам Адебајо со 22 поени, а поен помалку постигна Џими Батлер.

Се вчитува...