Огромна перспектива за најдобрите македонски кикбоксери и овој спорт воопшто се отвора за иднина откако Меѓународната асоцијација на кикбокс организации (ВАКО) и кикбоксот денеска се официјално признаени за членови на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).
Благодарение на упорната и макотрпна работа изминатите три години на целата ВАКО фамилија, нејзиното раководство, на организацискиот тим и секако на упорноста и резултатите на натпреварувачите, идејата стана реалност и кикбоксот денес се изедначи со сите останати олимписки спортови.
„Овој успех е доказ за веќе сработеното, но и услов за идна работа, реализација на поставените услови и барања и остварување и борба за идни резултати! Секако и Македонија е дел од овој позитивен момент за светскиот кикбокс. Благодорност до ИОК, АМС (Агенцијата за млади и спорт на РМ) и до МОК (Македонскиот олимписки комитет) за разбирањето и поддршката!“ – се вели во соопштението од КМФМ, потпишано од претседателот Дејан Митровски – Урко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА