И Кик-боксот како спорт конечно во олимпиското семејство! Претседателот на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко информира за одлуката на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) да предложи целосно признавање на Светската асоцијација на кикбокс федерација (ВАКО).
„Во името на ВАКО (Светската асоцијација на кикбокс федерации), во името на сите членови на ВАКО и од мое лично име како претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија, чест и задоволство е да ја споделиме со јавноста веста за тоа дека – 10 јуни 2021 година е историски ден за ВАКО и за кикбокс спортот воопшто! Извршниот одбор на ИОК (Меѓународниот олимписки комитет) предлага целосно признавање на шест меѓународни федерации, од кои едната е токму ВАКО“ – информира првиот човек на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија.
Во прилог е ЛИНК до соопштението за јавноста од МОК, писмото добиено од МОК и писмото од претседателот на ВАКО – г-дин Рој Бејкер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА