И Кире Ристевски го напушти Пјуник

И вториот македонски репрезентативец Кире Ристевски, го напуишти тимот на Пјуник и нема да биде дел од оваа екипа во идната сезона. Тој заедно со Спировски си заминаа од клубот, откако им истекоа договорите.

И Ристевски, како и Спировски дојде во Пјуник летото 2022 година, и по една сезона заминува од клубот, и летово ќе бара нова средина.

32-годишниот репрезентативец во минатото играше за Пелистер, Елбасан, Билис Балш, Славија Софија, Тирана, Работнички, Вашаш, Ујпешт и АЕЛ Лимасол. За националниот тим има 59 настапи.

Се вчитува...