И Клоп го кажа својот фаворит за освојување на титулата на ЕВРО 2024

Досегашниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп се одмора на Мајорка далеку од случувањата на Европското првенство 2024 во неговата Германија.

Сепак, не можеше да ги избегне новинарските инсистирање да каже свое мислење околу крајниот исход на ЕВРО 2024. Секако, најголем е интересот за најинтересната четвртфинална двојка, меѓу домаќинот Германија и Шпанија, која досега најмногу покажа на шампонатот.

„Во овој момент ми се чини дека Шпанија ќе оди до финале. Но, и Германија е секако добро, па ќе биде неизвесен дуел. Штета што се сретнаа во оваа фаза на првенството. Англија сигурен сум дека ќе биде подобра низ следните натпревари, а големи шанси за финале има и Франција без разлика што во четвртфиналето ја чека пречка како Португалија“ – вели Клоп.

Се вчитува...