И кога губи Денвер, Јокиќ урива рекорди

Никола Јокиќ одигра уште една одлична партија во поразот на Денвер нагетс од Минесота тимбервулвс.

Српскиот репрезентативец беше единствената светла точка во тимот на Нагетс, кој третпат сезонава беше поразен од Вулвс (115-95).

Јокиќ мечот го заврши со 34 поени (13/23 од поле, 2/6 тројки), со осум скока и само четири асистенции. Овој дуел му овозможи на Никола да влезе во историјата на франшизата од Колорадо.

Така Јокиќ стигна до својот 735. настап во тимот на Денвер, со што стана трети играч со најмногу натпревари во историјата на клубот.

Тој го престигна Т.Р.Дан кој остана на 734, додека пред него е само Алекс Инглиш со 837 настапи.

Се вчитува...