И Коњаспор во „игра“ за Ердал Ракип

Сега веќе поранешниот македонски репрезентативец Ердал Ракип, и натаму е во потрага по клуб откако стана слободен агент по раскинот со Малме. Ракип голем дел од кариерата мина во Малме, но не го продолжи договорот кој му истече во декември минатата година.

Пред неколку дена се појави информација дека англискиот член на Чемпионшип, Блекбурн е заинтересиран за услугите на играчот од средниот ред, сега постои заинтересираност и од турски Коњаспор.

Коњаспор е клуб во кој во минатото настапуваа тројца македонски интернационалци: Ердон Даци, Леонард Жута и Адис Јаховиќ.

Се вчитува...