Кошаркарите на Филаделфија без сомнение играат најдобра кошарка во НБА. Синоќа пред нив падна и Кливленд со Леброн Џејмс, победувајќи со 132-130 направија голем чекор во борбата за третото место на Истокот.
Филаделфија до триумфот ја водеше одличната четворка (Симонск Редик – Илјасова – Белинели). Редик постигна 28 поени, Симонс заврши со „трипл-дабл“ од 27 поени, 15 скока и 13 асистенции, а Белинели дополни со 23 поени. Илјасова имаше 17 поени и 11 скока.
На Кливленд не му помогна ниту одличната вечер на Леброн Џејмс кој мечот го заврши со 44 поени, 11 скока и 11 асистенции. Но, токму Џејмс на крајот испадна трагичар во својата екипа откако на две секунди пред крајот доби три слободни фрлања при резултат 132-129 а успеа да погоди само едно.
Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ донесе победа за Сакраменто над Мемфис од 94-93 со кош во последната секунда.
Богдановиќ мечот го заврши со 8 поени и 4 асистенции, а најефикасен кај Кингс беше Коли-Штајн со 18 поени. Мемфис беше предводен од Брукс со 23 поени и осум скока.
Минесота и Њу Орлеанс забележаа важни победи во борбата со Денвер за плеј-офот. Минесота славеше против ЛА Лејкерс со 113-96 предводена од Џеф Тиг со 25 поени и 8 асистенции, а по 18 поени постигнаа Џими Батлер и Таџ Гибсон.
Кај Лејкерси најфикасни со по 20 поени беа Џош Хард и Џулијус Рендл кои имаа и по 11 односно 10 скока.
Њу Орлеанс славеше против Феникс со 122-103, а ги предводеше Ентони Дејвис со 33 поени и 11 скока. Никола Миротиќ беше одличен со 31 поен и 16 скока, додека „дабл-дабл“ запиша и Холидеј со 22 поени и 10 асистенции.
Индијана загуби од најдобриот тим на Истокот, Торонто со 92-73. Пејсерси на тој начин полека испаѓаат од борбата за четвртото место на Истокот и предноста на домашен терен за плеј-офот.
Во останатите мечеви, Детроит победи против Далас со 113-106, Вашингтон загуби од Атланта со 97-103, Бостон го победи Чикаго со 111-104 и Њујорк беше подобар од Мајами победувајќи со 122-98.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА