Иако имаше негатива уште од 6. минута, лидерот на табелата Ливерпул нема намера да застане во Премиерлигата. Направи пресврт и го совлада Лестер на „Боксинг деј“, користејќи го „киксот“ на Челси, сега бега седум бодови на врвот на табелата.
„Енфилд“ беше шокиран во 6. минута кога Ајев погоди во мрежата на Алисон и донесе гостинско водство. Ливерпул долго го бараше голот за израмнување, погоди статива, па пречка, и во првата минута од судиското надополнување Гакпо успеа да донесе израмнување.
Само што почна вториот дел „камен од срцето“ им падна на навивачите на Ливерпул откако Џонс погоди за водство на домашниот тим. Во 82. минута Салах стави печат на победата по асистенција на Гакпо и дефинитивно обезбедувајќи ги трите бода за „црвените“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА