И најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, покрај Калин Ивановски претходно во машка конкуренција, се пласираше во 2. коло на ИТФ фјучерсот во Куршумлијска бања во Србија, кој во женска конкуренција се игра за награден фонд од 15.000 долари.
На стартот од турнирот Ѓорческа беше подобра од Романката Илона Гиороале.
Македонската тенисерка го загуби првиот сет со 2-6, но возврати во вториот добивајќи го со 6-3, а во третиот сет при водство на Ѓорческа од 3-1, противничката го предаде мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

