И Лино Червар ја запеа македонската химна… (ВИДЕО)

За да стигнете до победите, посебно во спортот, апсолутно секогаш е неопходно да го почувствувате семејството во тимот со кој живеете… Тоа, се чини, е и пораката која македонскиот селектор Лино Червар сака да ја испрати и со постапката при интонирањето на македонската химна.

Червар, изненадувајќи добар дел од македонската спортска јавност, која се восхити на неговиот чин, денеска ја пееше, или се обидуваше да ја пее, и македонската химна за време на интонирањето пред натпреварот со Тунис на Светското првенство во Франција. Иако видео снимката онака „скромно“, низ само неколку секунди, не го доловува комплетниот впечаток… Но, на крајот на краиштата, не е важно дали и колку се знаат зборовите (за кои прашање е дали и колку ги знаат и добар дел ’горди’ Македонци), но веројатно важна е пораката која се сака да се испрати: „И јас сум дел од тимот…“!

Се вчитува...