И Лино Червар му зеде мерка на Вардар!

По поразот од Кјелце во Лигата на шампините, Вардар  остана со празни разе и на гостувањето кај ППД Загреб по поразот од хрватскиот шампион со 26-23 во седмиот натпревар во регионалната СЕХА лига. Хрватскиот шампион предводен од Лино Червар од клупата, успеа да и стави крај на импресивната серија на вардарци од 31 победа по ред во регионалното натпреварување и шест победи во серија на стартот од оваа сезона.

„Црвено-црните“ поведоа со 0-2 на стартот и ја задржаа инцијативата одржувајќи минимална предност во првото полувреме. Во релативно мирно темпо на мечот, ППД Загреб во овој дел држеше чекор и неколку пати стигна до изедначување. На пет минути пред крај на полувремето Игор Карачиќ доби две минути искучување, а домаќините напад за водство. Избраниците на Лино Червар не ја искористија оваа предност со играч повеќе, но три минути подоцна сепак, дојдоа до првото водство со погодокот на Давид Мандиќ за 14-13.

На другата страна, Тмиур Дибиров беше прецизен по втор пат за ново изедначување на 14-14, резултат со кој заврши првото полувреме.

Офанзивата на ППД Загреб продолжи и на почетокот од второто полувреме. Червар напаѓаше со 7 на 6 и хрватскиот шампион  во 34.минута прв пат дојдоа на +2  со четвртиот погодок на Иван Сршен за 16-14.

Вардарци осум минути беа без реализација, а првиот погодок во вториот дел го постигна Данил Шишкарев искористувајќи ја шансата на празен гол на ППД Загреб (17-15).

Улогите на теренот се сменија и ППД Загреб ја презеде иницијативата и водството со 1-2 гола разлика. „Црвено-црните“ играа споро и несигурно во нападот и помалку резервирано во одбраната. Тоа пак донесе дополнителна енергија и мотивација кај ППД Загреб кој со предност влезе и во последната четвртина од натпреварот (19-17).

Стојанче Стоилов изнуди седмерец, а но ударот на Иван Чупиќ од линијата заврши во рацете на Урх Кастелиќ и Вардар ја пропишти шансата да дојде до ново изедначување на пет минути пред крај. Домаќините брзо ја казнија грешката и го зголемија водството на 23-21, а на две минути пред крај поведоа со со 24-21 со погодокот на Арбер Керими и го обезбедија големиот триумф против Вардар.

Даинис Криштопанс со четири гола беше најефикасне во редовите на Вардар, Дејан Милосављев го заврпи натпреварот само со пет одбрани. Кај ППД Загреб, прв стрелец беше Златко Хорват со шест гола.

Во следното коло во СЕХА лигата,  Вардар на 30 октомври му гостува на Мешков Брест.

Се вчитува...