И Ливерпул без проблеми ја мина првата пречка во Лига купот (ВИДЕО)

По Арсена и Ливерпул без поголеми проблеми ја мина првата пречка во англискиот Лига куп. „Црвените“ вечерва на домашен терен беа подобри од Вест Хем со 5-1.

Гостите стигнаа до изненадувачко водство од 0-1 со автоголот на Квансах во 21. минута. Само четири минути подоцна домаќините израмнија на 1-1 преку Диого Жота. Истиот фудбалер погоди и за 2-1 во 49. минута, додека на 3-1 зголеми Мохамед Салах во 74. минута. До крајот за издвојување е црвениот картон кој го доби Алварез во 76. минута, како и двата гола на Гакпо во 90. и 93. минута.

Liverpool [3] – 1 West Ham United – Mohamed Salah 74‎'‎
byu/austinoabu insoccer

Се вчитува...