Некако по обичај голема дерби пресметка меѓу спортски екипи од Скопје и Битола мора да мине и со непријатни сцени.
Во еден момент од денешниот дуел во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, поради конфликт, во делот каде беа вардаовите навивачи „Комитите“ мораше да интервенира и полицијата која мораше да ги смири гостинските навивачи. Натпреварот беше во неколкуминутен прекин поради сето тоа.
На крајот, „Комитите“ на две минути пред крајот беа изнесени од салата во Битола, притоа и палејќи пиротехнички средства при заминувањето кое, сепак, беше со песна поради водството и победата на нивните миленици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА