Ракометарите на Словенија и Германија одиграа неверојатен меч (25-25) на Европското првенство во Хрватска.
Словенците имаа победа во џеб, но со гол по завршувањето на мечот од пенал, кој беше досуден по прегледување на снимките од страна на судиите, Германците извлекоа реми. По сето тоа, очекувано, настана и хаос по социјалните мрежи главно со обвинувања за ЕХФ и судиската двојка… А, рамнодушен не можеше да остане и најдобриот словенечки кошаркар, младиот Лука Дончиќ кој беше разочаран од случувањата во „Арена“, па кратко напиша на својот Твитер профил:
„СРАМОТА“.
SRAMOTA…
— Luka Doncic (@luka7doncic) January 15, 2018
Дончиќ нешто потоа постираше и фотографии од ракометарите на Словенија искажувајќи максимална поддршка!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА