И Лука Трајкоски замина од Вардар

Продолжува заминувањето на фудбалери од најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар. Откако од тимот пред неколку дена заминаа Жоглев и Вецевски, а вчера го напушти и Биљаљи, вардарци денеска се збогуваа со ново име.

Се работи за 23-годишното крило Лука Трајкоски кој по една полусезона помината во таборот на „црвено-црните“ го напушти клубот.

Се вчитува...