Англискиот репрезентативец Конор Галагер речиси сигурно ова лето ќе замине од редовите на Челси и ќе го оствари првиот перманентен трансфер во својата кариера. За неговите услуги се заинтересирани повеќе клубови од Премиерлигата, но не се исклучува и трансфер надвор од „Островот“.
Последен кој покажа интерес за услугите на 24-годишниот играч од средниот ред е Атлетико Мадрид. Стратегот на мадридскиот клуб, Диего Симеоне на Англичанецот гледа како големо засилување и ќе се обиде да го доведе на „Ванда Метрополитано“ користејќи ги добрите односи на двата клуба.
Галагер потекнува од младинската школа на Челси, а е дел од првиот тим на „сините“ од 2019 година. По позајмиците во Чарлтон, Свонси, ВБА и Кристал Палас, последните две сезони ги помина како стандарден првотимец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА