Најдобриот стрелец во Бундес-лигата во моментот, српскиот интернационалец Лука Јовиќ, е еден од најбараните фудбалери во Европа во пресрет на летниот преоден рок. Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт се наоѓа на списокот на летни засилувања и на англискиот првак Манчестер Сити. Пеп Гвардиола се вклучи во трката за Јовиќ, откако претходно сериозен интерес покажаа и Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Челси, Тотенхем и Наполи.
Лука Јовиќ како позајмен играч од Бенфика настапува за Ајнтрахт Франкфурт. Германскиот бундеслигаш ќе ја искористи опцијата за комплетно да го откупи неговиот договор, а потоа и најверојатно веднаш ќе го продаде во некој од големите европски клубови. Манчестер Сити е последен во редот кој го посакува српскиот голгетер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА