И Марез оди кај Алиоски во Ал Ахли

Ал Ахли влегува со сериозни амбиции во новата сезона од шампионатот на Саудиска Арабија, откако клубот на нашиот Езгијан Алиоски најпрвин го доведе голманот Менди од Челси, а потоа и Роберто Фирмино од Ливерпул.

Шопингот од Премиер-лигата на челниците на Ал Ахли продолжува, па се очекува во следните 24 часа овој клуб да го официјализира и трансферот на Ријад Марез, кој е подготвен да си замине од Манчестер Сити и да го продолжи трендот на трансфери во Саудиска Арабија. Причината е финансиска – Марез имаше на маса понуда за тригодишен договор вреден 30 милиони евра по сезона, повеќе од четири пати повисока заработувачка од онаа во Сити, по што Алжирецот инсистираше да му биде дозволено да ги смени клупските бои.

Манчестер Сити на крајот даде зелено светло за трансфер, за отштета од 35 милиони евра и останува само да се договорат деталите околу динамиката на исплатата пред трансферот да биде официјализиран.

Пеп Гвардиола се подготвува да доведе нов фудбалер на позицијата на Марез, а на врвот на листата со желби е Рафиња од Барселона, кој до пред една сезона блескаше во Премиер-лигата во дресот на Лидс јунајтед.

Се вчитува...