И втор медал за македонската кикбокс репрезентација на Европското јуниорско првенство кое се одржува во Јесоло, Венеција во Италија.
По Лука Змејкоски кој вчера се закити со бронзениот медал, денеска и Марија Димовска со бронза на собирот на најдобрите на Стариот континент.
Димовски во полуфиналето во својата категорија, загуби од Рабија Карадаш од Турција со 0-3, па на крај мора да се задоволи со бронзеното одликување.
„Марија ја загуби борбата во полуфиналето. Сите рунди беа максимални израмнети, и во последната рунда ја загуби борбата само за еден бод“ – ни изјави селекторот Дејан Митровски-Урко од Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

