И Марио Гомез и кажа ’збогум’ на Германија

Напаѓачот на Штутгарт, Марио Гомез, одлучи да стави крај на својата репрезентативна кариера. 33-годишниот играч смета дека по неуспехот на националниот тим на Светското првенство во Русија, дојдено е времето за некои помлади фудбалери да добијат шанса во репрезентацијата.

„Моето време во националниот тим не беше секогаш според моите желби, иако имавме забележителни успеси. Но, чувствувам дека сега е време да им ослободиме простор на некои помлади момци, да го носат дресот на Германија. Секогаш ќе бидам верен навивач на нашата репрезентација“, изјави Марио Гомез.

Тој одигра 78 натпревари во дресот на фудбалската репрезентација на Германија и постигна 31 гол. Гомез е вториот играч по Месут Озил, кој се повлекува од националниот тим по Светското првенство во Русија.

Се вчитува...