Македонскиот бек Марио Танкоски во следните две сезони ќе биде член на Вардар. Повремениот македонски репрезентативец кој игра на позицијата среден бек ќе го облече „црвено-црниот“ дрес и доаѓа како играч од кого многу се очекува во иднина, играч кој има огромен потенцијал.
Танкоски потекнува од Струга од каде доаѓаат голем број на ракометни таленти и докажани ракометари. Во својата кариера Танкоски играше досега за екипата на Металург, и по четири сезони поминати во Битола се враќа во Скопје. Зад себе има две титули и еден Куп на Македонија.
Во репрезентацијата на Македонија играше на СП 2019 година и на ЕП 2020 година.
„Се радувам на моето доаѓање во Вардар после неколку неуспешни обиди. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на управата и на стручниот штаб, и секако на добри резултати во следните сезони“, изјави Марио Танкоски.
Танкоски ќе му се стави на располагање на тренерот Владо Недановски во средината на јули ког апочнуваат подготовките на тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА