Искусниот македонски фудбалер Марјан Алтипамарковски е нов на листата на играчи кои ова лето го напуштија најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар.
Клубот откако го објави новиот спонзор „Новоматик“ во текот на вчерашниот ден најави дека ќе направи големи промени во тимот кој минатата сезона успеа да обезбеди опстанок во ПМФЛ.
Алтипармаковски заминува од Вардар на денот кога тимот замина на подготовки во Словенија. Тој во „црвено-црниот“ дрес одигра вкупно 14 натпревари, на кои постигна еден гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА