Фудбалерот на Реал Мадрид, Марсело, признал дека затајувал данок и наводно ја прифатил понудената четиримесечна условна казна затвор и парична казна во износ од 750.000 евра. Како и во случаевите на останатите фудбалери и тренери, Марсело е обвинет дека користел некои странски фирми за да го реализира тој процес. Тоа, според тврдењата на обвинителството, се однесува на периодот од 2007 година и неговото доаѓање во Шпанија, но државниот обвинител нашол докази за периодот од 2013 година до денешен ден.
Со оглед дека ја признал вината, паричната казна ќе изнесува 40% од вкупно затаениот данок. Одредена е затворска казна помала од две години, и Марсело нема да оди во затвор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА