Рускиот тенисер Данил Медведев успешно го стартуваше машкиот олимписки турнир на ЛОИ во Париз откако во првото коло без поголеми проблеми славеше над Австралиецот, Ринки Хиџиката со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-1.
Медведев беше доминантен во двата сета и не му дозволи на противникот никакви шанси за пласман понатаму.
Во второто коло Медведев ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Холанѓанецот Хасе и Австриецот Офнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА