Хрватскиот фудбалер од средниот ред Михаел Бришки, не е повеќе дел од Вардар. И тој заминува од редовите на „црвено-црните“, откако претходно истото го сторија Дарко Глишиќ, Марјан Ристовски и Кебел Сусо.
Од редовите на Вардар засега имаме информации само за заминувања на екипата. Веројатно „црвено-црните“ треба да знаат со каков кадар ќе располагат од моменталниот ростер, па потоа да се ангажираат засилувања.
„Затишјето“ засега го брануваат само информациите за можно доаѓање на двајца екс Вардарци. Станува збор за екс репрезентативецот Стефан Спировски, за кого има најави за враќњае во најтрофејниот македонски клуб, а пред „кам-бек“ е и Филип Најдовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА