Милан му се приклучува на Арсенал во трката за Џером Боатенг. Тимот од Серија А е во обид да ја зацврсти одбраната и клубот проценил дека фудбалерот на Баерн Минхен е вистинското решение. Германскиот првак за него бара 13 милиони фунти. За искусниот дефанзивец претходно интерс покажа и Микел Артета ведаш по доаѓањето на менаџерската позиција во Арсенал. Боатенг наводно е заинтересиран да си оди од Минхен веќе во јануари.
Милан се обидува да ја спаси катастрофална сезона, го доведе и Златан Ибрахимовиќ, а Боатенг ќе треба исто така со искуството да помогне клубот да се извлече од лошите резултати. Милан е на десеттата позиција на табелата во Серија А со 25 бода по 19 одиграни кола и ги доведе и Симон Кјаер и Асмир Беговиќ на позајмици до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА