Филип Миркуловски имаше успешно капитенско деби со Вецлар откако неговиот тим славеше на отворањето на сезоната против Битигхајм со резултат 24-21. Македонскиот репрезентативец неколку години е член на овој клуб, по што летово беше награден со капитенската лента за своето безрезервно залагање и професионализмот што го краси.
Вецлар ја оправда фаворитската улога пред се благодарение на одличната игра во одбраната во текот на сите 60 минути. На полувреме резултатот беше израмнет, 10-10, за во вториот дел Миркуловски и соиграчите да заиграат нешто поеиикасно во нападот и да стигнат до заслужена победа.
Македонскиот ас го заврши мечот со два постигнати гола, а најефикасен кај Вецлар беше Лени Рубин со осум погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА