Акцијата на Комитите, „Купи билет за спас на ФК Вардар“, во полн ек со вклучување голем број поединци, општествени организации, компании па и политички партии.
И најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ се вклучи во акцијата за спас на најтрофејниот македонски клуб. Претседателот, Христијан Мицкоски купи 1.000 билети по цена од 100 денари, додека Владимир Нелоски, поранешен фудбалер на Вардар, купи 300 билети во желбата за помош на својот клуб.
Како што информираа „Комитите“ веќе е надмината бројката на 20.000 продадени билети што е рекорд кога е во прашање натпревар од домашната сцена, во историјата на македонската фудбалска игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

