И МЛС сезоната ќе се доигра во „Дизниворлд“ на Флорида

Американската професионална фудбалска лига (МЛС) ќе ја има својата завршница во „Дизниворлд“ на Флорида, местото на кое ќе продолжи сезоната и во НБА лигата. Едномесечниот турнир на сите тимови во МЛС ќе почне на 8. јули. Сезоната во МЛС беше прекината поради пандемијата од коронавирусот во месец март по одиграни само две кола.

„Шансата да имаме 26 клуба во контролирано опкружување ни овозможува да го заштитиме здравјето на фудбалерите, тренерите и останатиот персонал кога ќе се вратиме на мечевите“, изјави комесарот на МЛС Дон Грејбер. 

Бранител на титулата е Сиетл Сандерс, а мечевите во Дизниворлд комплексот ќе бидат увертира за тоа што следи во НБА лигата. Најдобрите кошаркари во светот својата сезона во Орландо ќе ја продолжат на 31. јули.

Се вчитува...