И Мулти Есенс лесно ја мина првата пречка во Купот на Македонија

И ракометарите на Мулти Есенс ја оправдаа фаворитската улога во првата фаза во Купот на Македонија откако вечерва славеа на гостувањето кај РК Бисинов со 24-39.

Гостите од Скопје уште во првото полувреме ги разрешија сите дилеми околу победникот добивајќи го со 9-21. До крајот на мечот скопскиот тим само рутински ја заврши работата за конечни 24-39.

Oлег Јорданов со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Никола Димитров постигна пет.

Се вчитува...