И најдобрите тенисери размислуваат за штрајк!

Германскиот тенисер Александар Зверев му се придружи на Карлос Алкараз во критиките за календарот на АТП турнејата. Шпанецот во саботата го победи Бен Шелтон во Лејвер купот, по што зборуваше за напорниот распоред, кој верува дека само ќе се влоши.

„Во следните неколку години, ќе имаме уште повеќе задолжителни турнири. Тоа ќе не убие на некој начин. Посакувам да имам повеќе слободно време”, изјави Алкараз.

Ваков став дели и Зверев, кој одигра најмногу натпревари сезонава, вкупно 73.

„Тенисот има најдолга сезона во професионалниот спорт. Јунајтед купот започнува на 27. декември, а Мастерсот во Торино завршува на 20. ноември. Кој и да игра финалето на Дејвис купот, сезоната му трае уште подолго. Немаме време за одмор, да го подготвиме телото, да ги развиеме мускулите… Немаме време да не го земеме рекетот цел месец и да се подготвиме физички за многу долгата и тешка сезона. Кога ќе се вратиме од одмор, треба да одработиме 2-3 недели подготовка и веќе треба играме во Австралија“, рече Зверев.

Се вчитува...