Никола Јокиќ ја започна новата сезона во трипл-дабл учинок, но неговиот Денвер загуби убедливо од Оклахома со 102-87. По поразот критика кон својот тим упати и тренерот Мајк Малоун, а и Кендрик Перкингс.
Поранешниот НБА кошаркар, сега аналитичар кој во минатото го критикуваше Јокиќ, овој пат застана во одбрана на Србинот велејќи дека мора да добие помош. Притоа упати и критика кон Џамал Мареј.
„Мелоун одма изјави како неговиот тим мора да најде форма. Ни Јокиќ не е во форма, но имаше трипл-дабл. Кога ќе добие помош?
Џамал помогни му на брат ти. Разбирам дека името го изгради во плеј-офот, но го загубија Колдвел-Поуп и Мареј мора да го подигне нивото на игра. Може ли да биде Ол-стар калибар во текот на сезоната? Човеку, истото се случи и на Олимписките игри. Делува загубено без Никола на теренот. Треба да има пристап во сезоната како да има нешто да докаже“, изјави Перкингс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА